Тројно зголемен бројот на барања за азил во Австрија

Сподели со своите пријатели

Според статистичките податоци, во Австрија тројно е зголемен бројот на барања за азил.

Loading...

Најголем број барања за азил поднеле државјани на Авганистан. Вкупно, од јануари до јуни, 31.050 лица поднеле барање за азил во Австрија.

За споредба, минатата година, во истиот период, австриските власти примиле 10.867 барања за азил.

Поголемиот дел од барањата, односно 26.585, се таканаречени први барања.

Авганистанците се на врвот на листата на земји на потекло со 7.325 апликации, а потоа следат Сиријците (6.680), Тунижаните (3.810), Пакистанците (3.110) и Индијците (2.025).

Последните три земји се сметаат за безбедни земји на потекло, па нивните граѓани речиси и да немаат шанси да добијат азил во Австрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД, Индонезија и нивните сојузници започнаа воени вежби

Младите мажи сè уште се најбројни од барателите на азил.

Според бројот на поднесени барања за азил измерени по глава на жител, Австрија е на петтото место во ЕУ, зад Германија, Франција, Шпанија и Италија.

Loading...

Од МВР на Австрија посочуваат дека главна рута преку која мигрантите доаѓаат до Австрија е балканската рута преку Србија и Унгарија.