Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата

Сподели со своите пријатели

По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата.

Loading...

Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган.

По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома.

Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената.

Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе претстојуваат шест месеци.

Марина Илиевска

Leave a Reply