Тројца тинејџери приведени поради кражби низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Тројца тинејџери на возраст од 18 и 19 години, вчера биле приведени под сомнение дека извршиле кражби.

– На 17.02.2022 во периодот од 10.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие се сомничат дека на 09.11.2021 одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово .

Тие биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Никола Ивановски