Тројца тинејџери од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека со метален предмет физички нападнале две лица во угостителски објект.
– На 29.10.2025 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.В.(18), Т.С.(18) и Б.Б.(18), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 28.10.2025 во угостителски објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово физички и со метален предмет ги нападнале М.В.(21) и М.Р., двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Никола Ивановски

