Тројца тинејџери масакрирале бездомник, германската полиција пронајде нож и грозоморно видео

Сподели со своите пријатели

Делови од тело на бездомник полицијата пронашла во градот Хорн-Бад Мајнберг, во областа Липе, во Германија, а за неговиот масакр биле обвинети тројца тинејџери.

Loading...

Според извештаите, три момчиња масакрирале машко тело на ливада во мирна германска населба, пренесува Билд.

– Еден од насилниците го снимал и дистрибуирал материјалот, но полицијата набрзо го добила – изјави полицаецот Александар Горлиќ.

Полицијата го запленила ножот со кој е извршено убиството и уапсила тројца тинејџери.

Двајца од нив и се познати на германската полиција поради нивните претходни злосторства.

Во тек е форензичка проценка, како и обдукција на телото, но засега се знае дека човекот бил претепан и веднаш избоден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Пепе Палермо, наводниот водач на италијанската мафија