Тројца приведени во Куманово, го нарушиле јавниот ред и мир, оштетно и возило

Сподели со своите пријатели

Три лица биле приведени од полицијата поради нарушување на јавниот ред и мир во Куманово, а бил оштетен и еден автомобил.

– На 07.11.2025 година во 23.30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.К.(41), И.В.(35) од Куманово и А.К.(29) од село Лопате кумановско, затоа што на улицата „Гоце Делчев” во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, И.В. со метален предмет му го оштетил возилото на А.К. (41) кој му се заканувал со остар предмет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Уште денес дожд, а потоа постудени утра

Тие биле приведени во полициска станица и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски