Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила кај железничката пруга во кумановското село Черкезе.
Автомобилот со тројца патници, засега од непознати причини излетал од патот и паднал во провалија длабока пет метри, пренесе порталот на ТВ21.
Ова е втора сообраќајна несреќа за два дена откако, пертходно на истото место во провалија излета автомобил во кој еден патник имаше здобиено полесни телесни повреди.
Увид на лице место извршија екипите на Секторот за внатрешни работи Куманово, по што ќе се утврдуваат причините за сообраќајните несреќи.
Loading...