Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајка која викендов се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
– На 27.12.2025 во 16:15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(58) од Куманово и патничко возило „сеат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(27) од с.Конопница, кривопаланечко, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 28-годишната Ј.Т. од Скопје, сопатничка во возилото „сеат“, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.Т. и малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

