Тројца повредени во сообраќајка на магистралата Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајка која викендов се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 07.09.2024 во 09.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) и патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира“ С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

Никола Ивановски