Тројца повредени при судир на „шкода“ и „мерцедес“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои едно потешко, при судир на „шкода“ и „мерцедес“ викендов во Куманово.

Loading...

– На 05.10.2024 околу 12.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на ул.„Братство и единство“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка меѓу седумдесетгодишници од Куманово, едниот повреден

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски