Тројца повредени при судир на мотор и автомобил во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои две потешко при судир на мотор и автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Loading...

– На 29.07.2021 во 00.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки“, со кумановски регистарски ознаки, на кој се превезувале А.Т.(20) и Д.С.(20), двајцата од Куманово и патничко моторно возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, по незгодата двете лица кои се превезувале на мотоциклот, како и возачот Д.Т. биле пренесени биле во Општата болница Куманово, каде на А.Т. и Д.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Т. му биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply