Тројца повредени откако мотор удрил во малолетничка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои едно потешко, откако мотор удрил во пешак на крстосницата на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово.

– На 25.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Хуманитарно здружение „Мајка“

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски