Седумдесет и четиригодишник од Куманово е тешко повреден откако вчеравечер во него удрил мотор на булеварот „Трета МУБ“.
Освен него со повреди се здобиле и моторџијата, како и неговата сопатничка од Украина.
– На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово, информираат од Министеството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски