Тројца пијани возачи приведени викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тројца возачи во Куманво биле приведени викендов поради учество во сообраќајот под дејство на алакохол.

Loading...

Како што информираат од од Секторот за внатрешни работи Куманово, во првиот случај приведен е 34-годишник кој возел со 1,61 промили алкохол.

– На 03.08.2025 во 03.32 часот во  Куманово  полициски службеници го лишија од слобода М.С.(34) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници  на булевар “Октомвриска револуција запреле патничко возило „ауди“, управувано од М.С. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.61промили алкохол во крвта, информираат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

Истата вечер приведен бил уште еден возач кој возел со 2,17 промили алкохол во крвта.

– Исто така околу 03.00 часот на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово бил лишен од слобода и З.С. (53) кој управувал моторцикл “кимко” и му биле измерени 2.17 промили во крвта, велат од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека вчеравечер е приведен и 52-годишник кој возел со 1,80 промили.

– На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОЈО Куманово ги бара снимките од Спортската сала, полицијата повикува лица на разговор

По целосно документирање на настанот, како што стои во соопштението, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297 -А од Кривичниот законик.

Loading...

Никола Ивановски