Тројца мртви во ноќните руски напади врз Украина, меѓу нив и едно момче

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во нападите со руски беспилотни летала загинаа три лица, меѓу кои и осумгодишно дете, во североисточниот украински град Суми, објавија регионалните власти во вторник наутро.

„Околу полноќ, Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. Имаме информации за три смртни случаи“, изјави шефот на регионалната администрација, Олег Григоров, пренесува Хина.

Освен момчето, „загинаа и маж и жена“, рече тој. „Оние што загинаа во нападот беа од различни семејства. Сите живееја на истата улица“.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во објава на Телеграм изјави дека Русија испалила седум беспилотни летала кон тој град на североистокот на Украина во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија би можела да нападне членка на НАТО во рок од пет години“

Три лица се повредени во нападите, според Терехов.

Во руската престолнина, беспилотно летало погодило станбена зграда, при што биле повредени две лица, од кои едно е хоспитализирано, објави преку Телеграм Андреј Воробјов, гувернер на Московскиот регион.

„Околу 100 лица, меѓу кои и 30 деца, беа евакуирани од зградата“, рече тој.

Два други дрона беа соборени над западниот дел од руската престолнина, а никој не беше повреден, рече тој.

Loading...

Непосредно пред полноќ во неделата, руски воздушен напад уби најмалку 10 цивили во Киев и околниот регион, вклучувајќи и 11-годишно девојче, според украинските власти.

Нападите траеле повеќе од четири часа, прво биле употребени експлозивни дронови, а потоа балистички и крстосувачки ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Речиси 7 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина

Во нападите во регионот Одеса во јужна Украина во понеделник, исто така, загинаа две лица, а беа повредени најмалку десетина други, според локалните власти.

Најмалку 28 лица беа убиени во украинската престолнина во претходен голем руски напад минатата недела.

Украинските градови се цел на руски напади секоја вечер, додека преговорите за прекин на огнот меѓу Киев и Москва се во застој, и покрај притисокот од Вашингтон.

За време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Обединетото Кралство во понеделник, британскиот премиер Кир Стармер објави договор за производство на дронови што ја зајакнува воената соработка со Украина, особено во производството на напредни дронови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Ќе ги зголемиме трошоците за одбрана за Русија да не нè нападне за три години