Тројца кумановци заработија кривични пријави за тепачка во ноќен бар

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (18), А.Ж. (19) и М.К. (18), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 28.01.2017 година околу 01.00 часот во ноќен бар пријавените, без повод и причина, физички нападнале 16-годишник, удирајќи го со клоци и тупаници и со стаклена шише во пределот на главата и телото. Притоа, малолетникот се здобил со повреди по главата и телото, кој бил однесен во Општа болница во Куманово. Откако му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош, истиот бил пуштен на домашно лекување.