Тројца кумановци заработија кривични пријави за тепачка на бензинска пумпа

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(29), М.О.(33), М.О.(34) и Б.И.(35) сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените на 31.05.2016 година, околу 03,40 часот заминале во ресторанот кој е во склоп со бензинската пумпа „Лук Оил“ на автопатот Куманово – Скопје кај селото Романовце при што првопријавениот отишол до шанкот каде се наоѓал оштетениот во својство на шанкер и со истиот веднаш започнал вербална расправија по што второпријавениот физички го нападнал удирајќи го по главата и телото и извлекувајќи го од позади шанкот каде започнале и останатите пријавени да го удираат по главата и телото при што му се нанесени телесни повреди.