Тројца кумановци украле делови од автобус

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово вчеравечер биле приведени под сомнение дека пред два месеци украле делови од автобус.

– На 09.12.2025 во 21:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Л.(31), М.Л.(26) и Д.З.(25), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека на 12.10.2025 во с.Горно Којнаре, кумановско, со употреба на сила одзеле делови од автобус.

– Тие се приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото, додаваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во угостителски објект во Гарнизон

Никола Ивановски