Четворица кумановски ММА борци беа дел од првиот ММА турнир кој вчеравечер се одржа во Спортската сала во Куманово, а тројца од нив триумфираа во борбите.
Победници се Милан Милетиќ, Стефан Спасовски и Сашо Илиевски, кој како ѕвезда на вечерта ги собра овациите на над четири илјади гледачи кои уживаа во овој несекојдневен спортски хепенинг.
Loading...
Филип Наковски, кој инаку е кик боксер не успеа да победи, со оглед дека ова е негов прв настап во ММА борба, но заедно со своите соборци покажа дека Куманово има спортски потенцијал.
Настанот беше во рамките на одбележувањето на 11 Ноември, Денот на ослободување на градот, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а со финансиска поддршка од повеќе правни субјекти.
Loading...
Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека ова е прв пат Куманово да биде домаќин на вавков настан и на голема врата да се промовира повторно боречкиот спорт, кој во минатото создаде две олимписки имиња во Југославија.
Нашиот портал беше медимски покровител на турнирот, а во продолжение можете да погледнете дел од атмосферата.