Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(24), С.Т.(26), Д.Ј.(31) и А.Т.(23), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”.
Како што информираат од полицијата, на 20.08.2018 година околу 02,55 часот во Куманово, пред угостителски објект по претходна вербална расправија, пријавените физички ги нападнале Б.П., Б.И., Д.П., М.П. и С.С., сите од Куманово.