Тројца кинески астронаути пристигнаа на вселенската станица Тиангонг, каде што ќе поминат неколку дена со својот тим колеги таму, а потоа ќе ја извршат првата кинеска ротација на екипажот во вселената, објави Ксинхуа.
Астронаутите полетаа со вселенското летало Шенжу-15 со ракета Long March-2F синоќа во 23:08 часот по локално време од вселенскиот центар Диукван во пустината Гоби во северозападниот дел на земјата, јави Ксинхуа, цитирајќи ја кинеската вселенска aгенцијата (CMSA).
Вселенско летало со астронаути успешно се приклучи на вселенската станица претходно денеска, соопшти кинеската вселенска агенција ЦМСА.
Тројцата астронаути ќе останат на вселенската станица шест месеци.
Тие им се придружија на тројца астронаути кои се на вселенската станица Тиангонг од почетокот на јуни.
Шестмесечната мисија ја предводи ветеранот астронаут Феи Данлонг. Тоа е последната мисија во фазата на изградба на вселенската станица, според CMSA.
Третиот и последен модул на вселенската станица беше прикачен претходно овој месец, во еден од најновите чекори во напорите на Кина да има постојан екипаж во орбитата.
Екипажот на леталото Шенжу-15 ќе работи заедно со тројцата астронаути кои веќе се на вселенската станица Тиангог неколку дена, кои потоа ќе се вратат на Земјата по нивната шестмесечна мисија.
Во вселенската станица Тиангог може да има шест астронаути во исто време, а смената ќе трае околу една недела. Ќе ја претставува првата ротација на екипажот во орбитата.
Кинеската вселенска станица сега е проширена до својата максимална големина, со три модули и три вселенски летала и има вкупна тежина од речиси 100 тони.
Вселенската станица Тианго е круната на кинеската амбициозна вселенска програма, која виде роботи да слетаат на Марс и на Месечината, што ја прави Кина третата земја што испраќа луѓе во орбитата.
Кина веќе неколку децении инвестира милијарди евра во својата вселенска програма во обид да ги достигне САД и Русија.