Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Ј.(41) од село Речане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење на шума”, и против Р.А.(49) и Б.Н. (55), двајцата од село Речане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање” во врска со кривично дело ,,пустошење на шума”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 08.06.2018 година околу 19,50 часот во атарот на село Горно Јеловце на место викано ”Шарски води”, од страна на полициски службеници, при преглед на возило, управувано од првопријавениот, во кое второ и третопријавениот биле сопатници, било пронајдено и одземено огревно дрво бука, без соодветна документација, кои претходно првопријавениот бесправно ги исекол.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници и вработени во ЈП “Македонски Шуми”, во близина на местото каде било затекнато возилото биле пронајдени и одземени огревни дрва бука, кои претходно првопријавениот бесправно ги исекол, со што пријавените на ЈП “Македонски Шуми” му нанеле вкупна материјална штета околу 51.390 денари.