Неодамна на Санденс фестивалот претставен е документарецот „Тројца идентични странци“ кој раскажува за невеорјатната животна судбина на еднојајчаните близнаци кои се разделени по раѓањето.
Нивниот случај е откриен кога браќата повторно се сретнале, што се случило на многу неверојатен начин.
Сијамски близнаци киднапирани по раѓањето и мачени за нечовечки експерименти (фото+видео)
Роберт Шафран, еден од браќата, во 1980 година запишал факултет. Таму се изненадил од срдечноста со која ја дочекале непознатите колеги. Се испоставило дека мислеле дека тој е всушност некој друг – Еди Галанд, студент кој претходната година ја минал на истиот факултет. Двете момчиња изгледале скоро идентично, се однесувале исто, а дури и тренирале ист спорт, сакале исти работи и зборувале на ист начин, иако никогаш не се запознале.
Кога нвините заеднички пријатели сфатиле дека двајцата се усвоиени каок бебиња и дека се родени на ист ден, решиле да ги спојат. Браќата се сретнале и веднаш било јасно дека се еднојајчани близнаци, што конечно морало да им ја потврди и агенцијата за усвојување.
Лекарите и рекле дека не може да има деца, а таа двапати родила близнаци
Потоа се случило нешто уште понеибоично. Откако нивната приказна излегла во локалните весници, се јавило уште едно момеч кое тврдело дека изгледа како нив. Тоа бил Дејвид Келман, студент од вториот њујоршки факултет.
Агенцијата за усвојување тогаш била присилена да открие што всушност се случило. Тројцата браќа биле редок случај на еднојајчана четворка, од која најмладото бебе починало при самото раѓање.
Дирлива средба на близнаци после 70 години