Трофеите на Црвена Звезда доаѓаат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Големиот летен караван на српскиот Фудбалски клуб Црвена Звезда во сабота со почеток во 18 часот ќе го посети Куманово.

Loading...

Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари.

Како што информираат организаторите на настанот, сите симпатизери на клубот од градот ќе можат да ги видат трофеите и да се фотографираат со нив.

– Тричасовната дружба која е исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена Звезда, а посебно задоволство се приказните на фановите и постарите кои имаат спомени од Црвена Звезда и најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот, вели Емил Ташевски, од организацијата на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е акцијата за бесплатно отстранување хаварисани возила во Куманово

Официјална покана за присуство на настанот била упатена и до македонските спортски легенди Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.

Никола Ивановски