Трка на супермотор, суперавтомобил, Формула 1 и два авиони: Кој е победникот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два суперавтомобили, супермотор, автомобил на Формула 1, приватен авион и борбен авион, се тркале во петок на технолошкиот фестивал во Истанбул.

Петмина возачи станале на патеката од 400 метри, додека авионите полетеле од пистата на новиот Меѓународен аеродром во Истанбул.

Несекојдневната трка одржана е во рамките на фестивало на воздухопловство, вселена и технологија кој е одржан на аеродромот пред службеното отворање во октомври.

Во трката учествувале мотор „kawasaki H2R“, авомобилите „Tesla P100DL“, „Aston Martin New Vantage“ и „Lotus Evora GT 430“, а целта ја минале во приближно исто време.

Има осум години, а со својата коса влече мотори (видео)

Како победник во оваа необична трка излегол возачот на супермоторот Кенан Софуолгу од Турција.

Формула 1, кој ја возел британскиот возач Џејк Денис пристигнала втора до целта.

Како изгледала оваа епска трка погледнете во видеото подолу.

https://youtu.be/6TXHj6oLCIc

Leave a Reply