На вчерашниот мирен и масовен протест на кој присуствуваа илјадници граѓани, ишарана беше и гордоста на власта – Триумфалната капија.
Граѓаните во знак на револт ја испрскаа со боја, а потоа напишаа „ГРАБЕЖ“. Протестите беа во мирна атмосфера, а плоштадот беше мал за да ги собере сите оние кои сакаа да го искажат револтот од последната одлука на Иванов за аболиција на политичарите осомничени за криминал, како и одлуката на Вељановски изборите да се одржат на 5-ти јуни.
Од друга страна протестираа луѓе истоварени со десетици автобуси од цела Македонија кои од ден на ден го менуваат своето мислење. Најпрвин протестираа затоа што Заев и Верушевски не требало да се помилуваат, па затоа што не требале да бидат ставени во ист кош со останатите помилувани, а вчера повикуваа на избори.
За вечерва повторно се најавени протести.