Сакате возбудлива врска полна со авантури која ќе резултира со мноштво спомени? Тогаш Стрелецот е вистински партнер за вас.
Доколку ви се допаѓа личност која е Стрелец во хороскоп, не се колебајте тоа да го покажете, Стрелцот сака самоуверени карактери.
Стрелците се многу авантуристички настроени и им треба партнер со кој ќе ги споделуваат амбициите и ќе биде подготвен во истиот момент да ги спакува куферите и да замине на другиот крај од светот.
Од друга страна, без оглед на тоа колку сака своето слободно време да го минува со вас, Стрелецот го цени својот мир, па ќе му биде потребен простор кој ќе може да го користи само за себе и своите хобија.
Дококу сте претерано посесивна личност, тогаш Стрелецот не е идеален партнер за вас.
Стрелецот сака провод, забави и места каде се наоѓаат многу луѓе, па идеален состанок со него/неа би била забава, без разлила дали е во прашање домашно собирање или одење во клуб. Колку атмосферата е полуда, толку се поголеми шансите да се приближите со лице кое припаѓа на овој хороскопски знак.
Со оглед на тоа дека е активен, Стрелцот и интимните односи ги смета за игра и простор каде ќе може да ги покаже своите способности за заведување. Сепак, нека тоа не ве мами, лицето кое е родено во овој знак имапотреба од длабоки емоции како и птреба да му се отворите и доверите.
Се на се, лицето родено како Стрелец, ќе ги цени вашите потреби онолку колку вие ќе ги цените нивните. Со нив секогаш ќе знаете на што сте, затоа што не се од оние кои молчат кога имаат некој проблем.