Тригодишно момче преживеа два дена во шумата: „Ме чуваше мечката“

Сподели со своите пријатели

Кеси Хатавеј, тригопдишно момче, кое преживеало две ноќи во ледената шума, реколко дека за време на исчезнувањето го штитела мечка.

Loading...

Спасувачите го пронашле Кесиј вплеткан во грмушки во округот Кравен, во американската сојузна држава Северна каролина, близу местото каде изчеснал од куќата на својата баба, пишува Гардијан.

Тој исчезнал во вторник, додека температурата била многу ниска, а потрагата по него нешто подозна била откажана поради силниот дожд и ветер. Кесиј полицијата го пронашла откако еден човек слушнал дека дете плаче и ја довикува мајка си во шумата.

Шерифот на округот Чип Хју рекол дека не објаснувал многу како бил во состојба да преживее. Рекол дека има пријател во шумата и дека тоа е мечката со која бил целото време.

Зборовите на момчињата ги повторила и неговата тетка Бриана Хатавеј, која на Фејсбук напишала: „Кеси е здрав, се смее и зборува. Рече дека се дружел два дена со мечка. Бог му испратил пријател да го чува. Бог е добар Бог. Чуда се случуваат“.

Северна Каролина изобилува со црни мечки, кои обично не се агресивни кон луѓето.

Leave a Reply