Тридневна забава со неколку концерти ќе се одржи на Спортскиот аеродром „Аџитепе“ ќе биде главната манифестација за прославата на 500 години од формирањето не Куманово, кои ќе се одбележат во 2019 година.
Како што информираше Цоки Ристевски од Секторот за култура, спорт и социјална заштита при Општина Куманово, манфиестацијата ќе понуди широк спектар на изведувачи, поп, рок, фолк музика, многу диџеи, но кој точно ќе настапи засега не е познато.
Освен тоа, како новитет во програмата за 2019 година ќе се организира и Меѓународна ликовна колонија на која ќе учествуваат претставници од Асоцијацијата на градот на мирот, а ќе се одржи и Меѓународен фолклорен фестивал.
– Овој фолклорен фестивал кој исто така планираме да трае два до три дена и сакам оваа година по иницијативата на една невладина организација, иако не беше во програмата ги возобновивме „Подкозјачките средби“, а оваа година се предлагаат да влезат во годишната програма.
Општина Куманово, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и НУ Музеј Куманово подготвуваат програма за аплицирање за статусот Град на култура за 2019 година.
– Има една ставка, финансиски средства за програма за Град на културата, во висина од еден милион денари. Оваа програма ќе изнесува од 10 до 12 милиони денари со тоа што Министерството за култура во правилникот или критериумите бара одредени финансиски средства да ги покрие организаторите, додаде Ристевски.
Секторот за организација на сите настани во програмата на располагање ќе има 10 милиони денари.
На вчерашната седница се водеше неколкучасовна расправа, а најмногу советниците заглавија, откако општината одлучи одбележувањето на српските национални празници да го организира сама, наместо како претходно, да издвои парични средства на невладини организации за да ја направат организацијата.