Три земји од Балканот меѓу 40те најубави во светот

Сподели со своите пријатели

Хрватска, Словенија и Црна Гора се меѓу 40-те најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller“.

Loading...

Трите земји од регионот се најдоа заедно со некои од најпопуларните дестинации во светот како Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија. Ова светско списание Хрватска ја опишува како земја на „прекрасни пештери, ридски полиња и бели песочни плажи“.

За Словенија е напишано дека е земја со различна понуда – од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.

Црна Гора е опишана според зборовите на поетот Бајрон, кој рекол дека тоа е „најубавата средба на земјата и морето“.

Leave a Reply