Три зачини кои ги чистат белите дробови и подобруваат здравјето

Сподели со своите пријатели

Бројни студии покажаа дека потрошувачката на одредени видови храна и пијалаци му помага на организмот да се ослободи од штетните материи во организмот.

Loading...

Ова се трите главни зачини кои можат да ги „исчистат“ вашите бели дробови.

Куркума

 

 

Студиите за куркума покажаа дека овој растителен вид од семејството ѓумбир го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи како последица од пушење или живеење во загадена област.

Покрај тоа, тоа е превенција за болести на респираторниот систем. Куркумата традиционално се користи за кари и други индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути.

Loading...

За да уживате во антиинфламаторните придобивки од куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.

Лук

 

 

Лукот им дава вкус на многу јадења, а има најмногу лековити својства кога се јаде сиров. Сепак, имајте на ум дека поголеми количини лук не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и варењето на храната.

Многу лековити својства му се припишуваат. Тие го нарекуваат природен антибиотик, средство за отпушување на дишните патишта, моќно растение со антиканцерогено и антиинфламаторно дејство кое ги потиснува габите и одредени вируси.

Содржи алицин, кој ги уништува респираторните инфекции, а многу истражувања покажаа дека тој е ефикасен помагател во прочистување на белите дробови кај пушачите, но и од поранешните потрошувачи на тутунски производи.

Loading...

Ѓумбир

 

 

Многу лековити својства го красат и ѓумбирот. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за пушачи.

Иако овој туберозен корен од арома на лимон потекнува од Југоисточна Азија, во последните неколку години тој е се поприсутен и на нашиот пазар.

Најчесто се користи за правење чај или додавање на здрави пијалоци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења.

Ѓумбирот е многу потентен. Не треба да јадете повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно. Ако не сте сигурни за точната доза, консултирајте се со лекар или нутриционист.

Loading...

Leave a Reply