Три пожари викендов гаснеа кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Две интервенции на запален оџак и една на запалена сува трева ја одбележаа работата на кумановските пожарникари викендов.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во 13:45 часот во атарот на селото Речица се запалил оџак на семејна куќа, каде на терен веднаш излегле тројца пожарникари и околу 14:10 часот го изгаснале огнот.

Оџак на семеен дом се запалил и на улицата „Косовски Бригади“, каде четворица пожарникари интервенирале во период од 18:10 до 19:40 часот.

Во атарот на селото Скачковце во период од 16:35 до 17:45 часот, тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева.

Leave a Reply