Три пожари се регистрирани на подрачјето на Општина Куманово во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првиот бил регистриран завчера, откако некаде пред 21 часот во населбата Карпош, на „Никуљски пат“ се запалила нискостеблеста шума. На терен излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и за час и половина огнот го ставиле под контрола.
Истиот ден во 19:10 часот на терен излегле тројца пожарникари да интервенираат на запален смет во населбата Перо Чичо,. Интервенцијата на пожарникарите завршила за пет минути.
Последната интервенција била вчера во 17:30 часот во месноста викана Огревник во село Нукуљане, каде целосно изгорел комбајн со жито. Четворица пожарникари огнот го изгаснале до 19:45 часот, но причините за избувнување на истот, како и висината на материјалната штета се непознати.