Три нови смртни случаи од коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

Три лица во текот на изминатото деноноќие починаа како резултат на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Станува збор за едно лице од Кочани и две од Тетово.

– На Клиниката за инфективни болести починаа тројца пациенти. Пациент од Кочани на 40 години, хоспотализиран на 29ти март без познати минати заболувања, пациенти од Тетово на 69 години со тумор на мозокот, и пациент исто така од Тетово на 65 години без познати други минати заболувања, изјави Филипче.

Од клиниката се оздравени четири пациенти, а од Дебар тројца и тие заминуваат дома.

– До утрово на инфективната клиника се примени 10 нови пациенти, сега има 70, од кои 8 се на механичка вентилација, вкупно 10 со потешка клиничка слика. Во болницата „Осми септември“ вчера се примени четири пациенти за кои се чека резултат да стигне денес и имаме двајца пациенти на респираторна машина, појасни министерот.

Никола Ивановски

Leave a Reply