Три населени места во Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

Без струја во период од 08:00 до 15:00 часот во текот на утрешниот ден ќе останат жителите на дел од улицата „Никола Тесла“, дел од населбата Карпош, како и дел од селото Черкезе.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во текот на денешниот ден 18 села во кумановско се без електрична енергија: Старо и Младо Нагоричане, Кшање, Скачковце, Градиште, Кучкарево, Јачинце, Клечовце, Бељаковце, Облавцве, Руѓинце, Бајловце, Дренак, Драгоманце, Жегљане, Пелинце, Челопек и Никуљане.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Leave a Reply