Три метео аларми денеска за Куманово: До кога ќе траат врнежите?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со ислови и за врнежи од дожд и за сонце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Срце за Куманово” – празничен концерт на учениците од музичкото училиште (ФОТО)

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 10 до максимални 15 степени целзиусови.

Управата за хидрометеоролошки работи издаде дури три метео аларми со жолто ниво на предупредување за кумановскиот рагион, еден за засилен ветер, втор за дожд и трет за невреме со грмотевици.

 

 

И утре низ кумановско ќе се задржи променливото време со услови и за дожд и за сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 3 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Прво лице еднина“ вечерва повторно пред кумановската публика

 

 

Во недела ќе имаме стабилизација на временската состојба, но и пад на температурите.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека дневниот максимум ќе се искачи само до 7 степени целзиусови.

 

 

Трендот на пониски утрински температури ќе се задржи и во првите денови од новата работна недела.

Никола Ивановски