Маж од Калифорнија живеел три месеци на аеродромот во Чикаго бидејќи се плашел да си оди дома поради коронавирусот.
Никому не му е јасно како успеал толку долго да остане незабележан.
Адита Удаџи Синг, 33, бил приведен и обвинет за погрешно претставување и кражба на помалку од 500 американски долари.
Живеел на аеродромот од средината на октомври до средината на јануари и се преселил со помош на пропусница што ја украл на еден од вработените.
Тој бил фатен од стражарите кои го идентификувале и виделе дека документот е пријавен како украден.
Помошникот државен адвокат на обвинетиот Синг изјавил дека се плашел од Ковид19 и дека не сакал да оди дома, а храната му ја давале патниците на терминалите.
Инаку, Синг е од Лос Анџелес и досега немал кривично досие. Му била одредена кауција од 1.000 американски долари, под услов никогаш повеќе да не влезе во аеродромот О’Хере, еден од најпрометните аеродроми во светот, преку кој годишно минувале во просек 84,6 милиони патници пред пандемијата на коронавирусот.