Три лица загинаа во поплавите во Нов Зеланд

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а најмалку едно се води како исчезнато откако рекордно количество врнежи го погоди Окланд, најголемиот град во Нов Зеланд, каде беше прогласена вонредна состојба, јави денеска АП.

Loading...

Премиерот Крис Хипкинс полета во Окленд со воен авион откако беше прогласена вонредна состојба во регионот.

„Наш приоритет е да се осигураме дека жителите на Оукланд се безбедни, дека имаат домување и дека имаат пристап до основните услуги што им се потребни“, рече Хипкинс.

Тој рече дека градот очекува големо чистење и дека луѓето треба да останат во затворени простории ако е можно.

„Ова е настан без преседан во последно време“, изјави Хипкинс и наведе дека според прогнозите се очекуваат пообилни дождови и покрај привременото прекинување на врнежите, пренесува Танјуг.

Петок беше највлажниот ден во Окленд досега, според временските извештаи, бидејќи количината на дожд што вообичаено ќе паѓа во текот на летото го погоди градот за еден ден.

Во петокот вечерта за само три часа на некои места наврнаа над 15 сантиметри дожд. Дождот ги затвори автопатите и се излеа во куќите.

Во текот на ноќта стотици луѓе останаа заробени на аеродромот во Окленд откако беа откажани сите летови и поплавени делови од терминалот.

Loading...

Полицијата соопшти дека го пронашла телото на еден маж во одвод, а друг на поплавен паркинг.

Како што наведоа, противпожарните екипи и екипите за итна помош пронајдоа трето тело кога лизгање на земјиштето урна куќа во предградието на Окленд.

Едно лице се води како исчезнато откако е однесено од поплави, соопшти полицијата.

Премиерот изјави дека околу 3.500 домови останале без струја, но на повеќето места е вратено снабдувањето со електрична енергија.

Службата за пожарна и брза помош на Нов Зеланд соопшти дека персоналот примил повеќе од 2.000 повици за итни случаи, а екипите реагирале на повеќе од 700 ситуации.

„Ги имавме сите достапни професионални екипи и волонтери на теренот кои реагираа на најсериозните инциденти“, рече менаџерот на округот Бред Мозби.

Според него, екипи спасиле 126 лица кои биле заробени во куќи или автомобили.

Ер Нов Зеланд соопшти дека домашните летови до и од Окленд се обновени денеска, но сѐ уште не е сигурно кога меѓународниот воздушен сообраќај ќе продолжи.

Loading...

Во петокот во Окленд беше прогласена вонредна состојба поради поплавите кои ги принудија жителите да се евакуираат, ги блокираа патиштата и ги затворија аеродромите во градот.

Управата за вонредни состојби во Окленд на Твитер објави дека северниот, северозападниот и западниот дел на градот се погодени од силни поплави и дека се очекува ситуацијата да се влоши и дека се отвора центар за евакуација во Западен Окленд.

Поради вонредна ситуација откажан е и концертот на британскиот музичар Елтон Џон во Окленд каде се очекуваа околу 40.000 луѓе.