Три лица убиени на демонстрациите во Иран

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа во судирите меѓу иранските безбедносни сили и демонстрантите во Махабад во западен Иран, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Официјални лица во Махабад ги обвинија „терористичко-сепаратистичките групи“ за поттикнување на демонстрантите да извршат напад врз владините објекти, што предизвика полициска реакција и ги обвинија демонстрантите за напад на „политички и безбедносни центри со цел да ги освојат“.

Државните медиуми не го открија идентитетот на жртвите, но опозицискиот весник „Хенгав“ објави дека загинале еден маж и две жени. БиБиСи не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал објави дека иранските безбедносни сили убиле осум лица во последните два дена.

Махса Амини (22) почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската полиција за морал, каде што беше затворена поради „несоодветна облека“, по што избија масовни протести низ целата земја, а иранската полиција одговори со употреба на сила. , пренесува Ројтерс.

Организациите за човекови права соопштија дека се убиени најмалку 250 демонстранти, додека илјадници се уапсени, а државната телевизија соопшти дека се убиени 30 припадници на безбедносните сили.

Властите во Техеран ги обвинуваат САД и другите западни земји за вмешаност во протестите.