Три лица приведени по тепачка пред трговски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле приведени вчеравечер по пријава дека физички нападнале 31-годишник пред пред трговски објект.

– На 10.04.2026 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода В.М.(28), Х.К.(28) и М.Љ.(29), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, истиот ден пред трговски објект во населбата Карпош во Куманово, по претходна расправија, физички го нападнале Д.М.(31) од Куманово, при што употребиле и тврди предмети.

– По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан поради недоразбирање во сообраќајот