Три лица претепале 23-годишник од Липково

Сподели со своите пријатели

Три лица физички нападнале дваесет и тригодишник од липковското село Руница, по што му го оштетиле и возилото.

Loading...

– На 13.06.2021 во 02.40 часот во СВР Куманово, М.А.(23) од село Руница, општина Липково, пријавил дека на 12.06.2021 во 21.00 часот бил физички нападнат од З.Н. и Б.Н., двајцата од село Руница и С.Н од село Романовце, кои потоа му го оштетиле возилото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply