Најмалку три лица се повредени од остар предмет во училиште во јужна Финска, соопшти денес полицијата, додавајќи дека напаѓачот е уапсен.
Loading...
„Според досегашните сознанија, повредените не се во животна опасност“, се вели во соопштението на полицијата, која сè уште ги пребарува просториите на училиштето, пренесува „Ројтерс“.
Видео објавено од локалниот весник „Аамулехти“ прикажува неколку полициски возила во близина на основното училиште во Пиркала, кое се наоѓа околу 180 километри северно од Хелсинки.