Три лица се повредени во силна експлозија која одекна во турската престолнина Анкара, јавува Ројтерс.
До експлозијат адошло во Управата за јавни приходи на Анкара, поточно во округот Чукарамбар, пренесува дприватната телевизија НТВ, повикувајќи се на гувернерот на Анкара.
Тој соопштил дека три лица се повреднеи, како и дека саботажата се разгледува како можна причина за експлозија. Истрагата за инцидентот е во тек.
Во моментот на експлозијата, како се додава, во зградата немало никој, освен вработените од обезбедувањеот.
На фотографиите од лице место се гледа дека зградата е значително оштетена во експлозијат,а како и дека се искршени прозорци на зградите и автомобилите во близина.