Три лица од кумановско Којнаре ќе одговараат за тепачка

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д.(24) од село Долно Којнаре за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, и против Р.Д.(47) и Д.З.(27), двајцата од село Долно Којнаре за сторено кривично дело „учество во тепачка“.

Loading...

Како што информираат од СВР Куманово, на 09.12.2018 година околу 17,00 часот во село Долно Којнаре, кумановско, по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу пријавените, при што првопријавениот, со употреба на дрво му нанел тешка телесна повреда на третопријавениот.

Leave a Reply