СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.А.(21) од село Черкезе, Ш.А.(23) од селото Лопате, и Б.А.(24) од Черкезе поради постоење основи на сомнение дека сториле осум кривични дела (четири „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид и едно кривично дело „кражба“).
Loading...
Како што информираат од кумановската полицијата, во периодот од 21.03 до 28.06.2019 пријавените со употреба на сила и преку незаклучена врата влегувале во куќи во селата Матејче, Оризаре, Ваксинце, Отља и Черкези, при што во четири случаи не одзеле ништо, а во четири случаи одзеле златен накит, мобилни телефони и апарати за домаќинство.