Три кражби на различни локации во Куманово пријавени вчера

Сподели со своите пријатели

Три кражби на три различни локации во Куманово биле пријавени во текот на вчерашниот ден.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово во 08.39 часот било пријавено дека во деловен објект на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени пари.

Кражба истиот ден била пријавена и во угостителски објект.

– На 06.07.2022 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово било влезено и биле одземени предмети, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

Предмети пак биле украдени од Транзитен центар Табановце, а случајот бил пријавен во полиција вчера.

Од Секторот за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски