Три казни при контрола на угостителски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три казни биле изречени викендов при контрола на угостителски објект на подрачјето на Куманово, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 22.30 до 03.00 часот на 09/10.08.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на угостителски објект на подрачјето на СВР Куманово, велат од кумановската полиција.

Како што се додава, при контролата, извршено е легитимирање на 7 лица, а изречени се три казни.

– Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се три глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се две глоби, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструирани уште две улици во населба Карпош (ФОТО)

Никола Ивановски