Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележат три интервенции на различни локации низ градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била на запалена сува трева и деградирана шума во атарот на селото Орашац, каде четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 12:10 до 15:05 часот. Причината за избувнување на огнот и површината која е опожарена засега не се познати.
Втората интервенција се случила во 14:30 часот кога тројца пожарникари интервенирале на гаснење на опожарена барака на Министерството за внатрешни работи лоцирана на улицата „Тодор Велков“. Интервенцијата траела до 14:45 часот, а причина за избувнување на пожарот бил неисправен електричен кабел.
Третата интервенција била на улицата „Никола Тесла“ кога во 16:10 часот во кумановската пожарна бил пријавен опожарен електричен столб и запалена сува трева. На терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и огнот го ликвидирале во 16:45 часот. Причината за избувнување на пожарот не е позната.
Loading...