Три интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатите 24 часа учествувале во вкупно три интервенции низ градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција билана улица „Лесковачка“ каде во период од 10:25 до 11:10 часот четирворица пожарникари со едно противпожарно возилогаснеле запален оџак.

Втората интевенција била на запалена сува трева на улицата „Тоде Думба“ каде била зафатена помала површина, а во гаснењето на огнот учествувале исто така четворица пожарникари.

Во населбата Перо Чичо тројца пожарникари во период од 12:50 до 13:50 интервенирале на запален смет, стои во извештајот на РЦУК.