Три големи трендови кои ќе ги имаме во јули

Сподели со своите пријатели

Овој месец не е исклучок, па така во јули ќе можеме да уживаме во многу работи, да испробаме различни трендови, да експериментираме со стилот и да уживаме во новитетите кои ни ги носи модната индустрија. Сепак, издвоивме три најголеми кои вреди да се пробаат, а се однесуваат на коса, маникир и стајлинг.

Loading...

Маникир со туфни

Софицистицирани, разнобојни точки на проѕирна позадина оваа сезона се вистински хит кој треба да го испробате. Лесно ќе се вклопи со секој стајлинг, а на вашите нокти ќе им додаде забавна нота како и на целосниот изглед.

Бермуди

Кратките шортсеви овој месец не се повеќе толку популарни, па така вистинско време е да инвестирате во нивната подолга алтернатива – бермудите. Различни силуети и модели, од длабоди до оние со забавен принт, бермудите се одлична замен за панталоните во текот на врелите денови кои можете да ги носите дури и на работа.

Боб фризура

Ако Габриел Јунион, Риз Витерспун, Алисон Бри и Менди Мур не се доволен доказ колку оваа фризура е популарна, тогаш сигурно ќе ве наговори на ваква промена олеснувањето кое ќе го почуствувате кога ќе се „решите“ од косата. Покрај тоа, оваа фризура е одлична за стилизирање, затоа што не одзема премногу време. Рамна, брановидна, бушава, со шишки или без, секоја варијанта е совршена.

Leave a Reply